Најмалку седум жртви и 26 повредени лица откако минибус удрил во толпа луѓе

Најмалку седум лица загинаа кога минибус удри во толпа луѓе кои учествувале во поворка во бразилскиот град Јабуатан дос Гуарапис, соопштија денеска локалните власти.

Во инцидентот се повредени 26 лица, пренесуваат бразилските медиуми.

Возачот на минибусот побегнал од местото, но градските власти го легитимирале и го пронашле, по што дал изјава во полициска станица.