Најмалку седуммина загинати во експлозија на автомобил-бомба во Кабул

Најмалку седум лица загинаа утринава, а уште најмалку седуммина други се повредени, во експлозија на автомобил-бомба во авганистанската престолнина Кабул, во текот на утринскиот сообраќаен пик, соопштија официјални претставници, пренесе ДПА.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека се уште не е познато кој бил цел на нападот и додаде дека истрагата е во тек.

Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако во Кабул се активни талибанците и Исламска држава и двете групи во минатото преземаа одговорност за претходни вакви напади, наведуваат американските медиуми.

Светските агеници наведуваат дека од местото на нападот се крева густ чад во воздухот.