Најмалку шест лица загинале во вторникот утрото во пожар кој избувнал во Велингтон на Нов Зеланд, а локалните власти предупредија дека бројот на смртно настраданите би можел да биде и поголем.
„За одреден број луѓе сѐ уште не знаеме каде се, како што моментално не можеме да го потврдиме ниту конечниот број загинати“, соопшти Итната и противпожарна служба на Нов Зеланд (FENZ).
Премиерот Крис Хипкинс изјави во утринската телевизиска програма AM дека загинале шест лица, а полицијата соопшти дека се очекува бројот мртви да биде помал од десет.
Имајќи предвид дека постои опасност од уривање на покривот, во хостелот кој има 92 соби, сѐ уште не можат да влезат припадниците на спасувачките служби.
Пожарот избувнал на најгорниот кат на хостелот „Loafer Lodge“ во квартот Њутаун во Велингтон малку по полноќ кон вторникот по локално време. Засега не е позната причината за пожарот.