Најмалку шест лица загинаа а уште 12 други се рането во експлозија во понеделникот во близна на авганистанското Министерство за надворешни работи во Кабул, соопшти болницата со којашто управува италијанска невладина организација.
„Примивме неколку пациенти“, изјавил за Reuters Стафано Соѕа од италијанската невладина организација Emergency, којашто управува со хируршки центар специјализиран за третман на жртвите на војната во Кабул.
Во твит на невладината организација се наведува дека меѓу повредените има најмалку едно дете. Притоа се потврдува дека експлозијата се случила околу 13 часот по локално време во близина на авганистанското Министерство за надворешни работи.
Двајца очевидци за Reuters изјавиле дека моќната експлозија одекнала во близина на добро обезбедуваната област во којашто се сместени неколку владини објекти и странски амбасади.
Во изјавата за AFP, портпаролот на полицијата во Кабул, Калид Задран, изјавил дека напаѓачот бил идентификуван и цел на безбедносните сили во близина на контролниот пункт пред да стигне до својата цел, потврдувајќи го бројот на загинати на шест лица. Додал дека меѓу повредените има и тројца талибански војници.
Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот кој се случува во услови на растечки економски и безбедносни предизвици со кои се соочува де-факто талибанската влада во Кабул и повторното оживување на терористичката група Исламска држава. Талибаните и Исламската држава се долгогодишни ривали во оваа јужноазиска земја разорена од дводецениската војна по американската инвазија во 2001 година. Откако талибаните се вратија на власт во август 2021 година, Исламската држава ги зголеми нападите низ целата земја, особено врз владините институции и особено врз припадниците на шиитската малцинска Хазарска заедница.