Најмалку 98 лица ги загубија животите, повеќе од 60 лица се водат како исчезнати а уште 69 други се повредени во тропската бура Налга којашто ги зафати изминатиот викенд Филипини.
Повеќе од половина смртни случаи се регистрирани во јужниот регион Бангсаморо, главно поради свлечишта предизвикани од обилните дождови, соопшти националната служба за вонредни состојби.
Во регионот Бангсаморо загинаа 53 лица, додека 22 се водат како исчезнати.
Штетата на инфраструктурата поради обилните дождови и силните ветрови, проценета е на 13 милиони долари.