Досега три жртви при принудно слетување на товарен авион во Украина

Најмалку три лица загинаа при принудно слетување на украински товарен авион „Ан-12“ во близина на Лавов, западна Украина.

Авионот требало да слета во Лавов, но морал принудно да слета затоа што останал без гориво, објави на Фејсбук украинското Министерство за инфраструктура.

Украинската служба за вонредни ситуации наведе дека во авионот имало осум луѓе.

Според руските медиуми, три лица загинале, три се повредени, а две се водат како исчезнати.