Најмалку три жртви со судир меѓу Индија и Пакистан

Најмалку тројца индиски цивили загинале, а двајца Пакистанци се повредени при размена на оган меѓу Индија и Пакистан долж таканаречената контролна линија, која ја дели спорната територија Кашмир.

Шефот на полицијата во Кашмир изјавил дека пакистанските сили гаѓале цивили кои живеат долж контролната линија.

Затегнатоста меѓу двете земји повторно се појави откако Њу Делхи минатата година ја укина автономијата на Кашмир и го подели на територии, под федерална надлежност на Индија.