Најмалку три лица загинаа а 17 други се повредени во пожарите кои беснеат во Португалија, соопштија во понеделникот вечерта португалските власти.
Пожарникарот починал од срцев удар, а пронајдени се телата на двајца цивили, јави новинската агенција LISA, повикувајќи се на агенцијата за цивилна заштита ANEPC.
Еден од загинатите е 28-годишен вработен во шумаско стопанство кого пожарот го изненадил во шумата. Според извештаите, другата жртва, како и пожарникарот, починала од срцев удар додека се обидувала да го изгаси пожарот надвор од својот дом.
Според властите, речиси 3.500 пожарникари, војници и припадници на цивилната заштита ги гаснат пожарите. Најлоша е состојбата на северот и во централниот дел од земјата.
„Ситуацијата не е надвор од контрола, но е сложена“, рече шефот на ANEPC, Андре Фернандеш.
Тој додаде дека гаснењето на пожарот напредува добро со оглед на околностите.
Шпанија, Франција, Италија и Грција ќе испратат по два „канадера“ откако Лисабон побара од Европскиот механизам за цивилна заштита.