Во поплавите и лизгањето на почвата предизвикани од обилните врнежи во западен Непал, загинале најмалку 40 луѓе, а илјадници ги напуштиле своите домови, објавија во саботата тамошните власти.
Во округот Мијагди, на околу 200 километри западно од главниот град Катманду, каде што биле урнати неколку куќи, во стихијата животите ги загубиле 20 луѓе, 11 биле повредени и хоспитализиранини, а уште 13 лица се водат како исчезнати.
Во регионот Каски загинале седум луѓе, исто толку и во областа Џајакрот, каде што се трага по уште осум лица.
Во регионите Гулми, Ламџунг и Сондхупалчок, во западниот и централниот дел на земјата, има вкупно шест жртви на невремето.
На југот на Непал, во низините кои граничат со Индија, реката Коши е пред излевање. Оваа река речиси секоја година покренува смртоносни лавини во индиската сојузна држава Бихар.