На Манчестер Сити му се заканува забрана за настап на европски турнири

Огромен и жесток удар може да му биде зададен на Манчестер Сити од страна на УЕФА до крајот на оваа година. Еден од најавторитетните англиски весници, „Дејли телеграф”, тврди дека „граѓаните” ќе бидат отстранети од следното издание на Лигата на шампионите.

Според извори на весникот, УЕФА планира санкција „потешка од парична казна”, ако се покаже дека информациите за финансискиот фер-плеј во 2014 година се вистинити. Единствена потешка казна за нарушавање на правилата е забрана за настап на европските турнири.

Оваа криза на Сити уште повеќе зеде залет откако германскиот весник „Шпигел” ја објави аферата „Фудбал-ликс“, каде се вели дека арапските милијардери на чело на клубот го прекршиле финансискиот фер-плеј со 188 милиони евра.

Официјален одговор од УЕФА е дека се работи на случајот, но информациите за казната се очекува да излезат наскоро.

“Можам само да кажам дека работиме на случајот, се занимаваме со тоа, имаме посебно независно тело кое се вклучи во истрагата, наскоро ќе имаме одговори на тоа што ќе се случи во овој конкретен случај”, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин .