На Марс фотографирана „мечешка муцка“

Американскиот меѓупланетарен апарат MRO (Mars Reconnaissance Orbiter) фотографирал фрагмент од релјефот на Марс кој недвосмислено потсетува на глава на мечка.

Сателитот на американската Национална агенција за аеронаутички и истражувања на вселената (NASA) на 12-ти декември ја фотографирал карпестата формација на површината на „Црвената планета“. Неговите карактеристики, според научниците од Универзитетот Аризона, кој ја проучувале снимката, потсетуваат на мечешка муцка.

„На фотографијата е прикажан рид со структура во форма на буквата V (носот на мечката), два кратера (очите) и кружна пукнатина (главата)“, се наведува во соопштението на универзитетот.

Како што појаснува во петокот во својата објава порталот Business Insider, мозокот има тенденција да бара препознатливи форми во она што човекот го гледа.

Така, во 2019 година вселенскиот уред MRO направил снимка од површината на Марс на која се препознава логото на Ѕвездената флота на популарниот телевизиски серијал „Ѕвездени патеки“ (Star Trek), а во 2011 година на мапата на Марс биле препознаен профилот на историскиот индиски политичар Махатма Ганди (1869-1948).

Космичката сонда MRO беше воведена во орбитата на Марс во 2005 година.