-0.2 C
Skopje
понеделник, декември 23, 2024

На масовни натпревари и маратони во Грција само 5 проценти од учесниците може да бидат невакцинирани

За масовните спортски натпревари во Грција со учество на над 300 учесници, како што се маратоните, дозволено ќе биде учество и на невакцинирани лица, но само пет отсто од вкупниот број и само доколку немаат можност да се вакцинираат од здравствени причини или поради возраста, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Секретаријатот за спорт на Грција, по барање на надлежното министерство, комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство одлучила, од 1 септември 2021 година, 95 отсто од учесниците да бидат вакцинирани, а пет отсто невакцинирани „за да не им се одземе правото на учество на оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини или поради возраста“.

За оние кои не се вакцинирани потребен е негативен ПЦР тест направен 48 часа пред натпреварот или брз тест 24 часа претходно.