Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук денеска на меѓународниот ден на образованието вели дека власта системски го уништува и дека 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери.
-Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:
– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;
– штрајк на матурантите;
– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;
– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;
– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;
– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.
Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија.
Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува.
Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме, стои во неговиот пост на Фејсбук.