
На министерскиот состанок во Драч ќе присуствува и Хан. Шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан денеска почнуваат дводневен состанок во албанскиот пристаништен град Драч, на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, јави АТА, пренесе МИА.
Министрите за надворешни работи ќе разговараат за регионални проекти од областа на сообраќајот и енергетиката.
Освен Хан, меѓу учесниците и гостите ќе биде и чешкиот министер за надворешни работи Лумобир Заоралек, кој моментално претседава со Вишеградската група, генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ и италијанскиот државен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола.