Најмногу дожд наврна во Штип, 17 литри на квадратен метар

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнале во Штип, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Тополчани, Ѓуриште, Демир Капија и Дојран, еден литар.

Според УХМР, 12 литри се измерени на Попова Шапка, 9 во Крушево, 7 во Охрид, 6 во Скопје – Зајчев Рид, 5 во Битола, 4 во Берово и Маврово, 3 во Тетово, Прилеп, Крива Паланка и Пожаране, како и два литра во Виница и Дебар.