Најмногу непрописно се престигнувало во овие два града – несовесните возачи си ја добија заслужената казна

Во текот на вчерашниот ден (16.07.2021) од 14 до 20 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи што престигнуваат непрописно, при што санкционирани се 132 возачи. Од нив, 42 на територија на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.