
Најниска температура од минус три степени утрово е измерена во Маврови Анови, а највисока од 6 степени Целзиусови во Гевгелија.
УХМР информира дека -2 степени Целзиусови се измерени во Попова Шапка, -1 во Крива Паланка, 1 во Крушево, Виница и во Тетово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Берово Охрид, Битола, Велес и Претор, 3 во Кавадарци и Прилеп, 4 во Демир Капија и Струмица и 5 степени во Скопје-Петровец.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоки места и на планините. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб локален снег ќе има и во текот на ноќта особено во планинските региони.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.