Руска нуклеарна подморница се наоѓа во Средоземното Море, а нејзината цел е да го одвлече вниманието на силите на НАТО од војната во Украина. Според одбранбениот аналитичар Х.И. Сатон, податоците од отворен извор на разузнавање, сугерираат дека руска нуклеарна подморница оперира во близина на Италија.
Нуклеарните подморници се најмоќните и најтрајните средства на руската морнарица, а „Северодвинск“ се смета за најдобрата напаѓачка подморница во руската морнарица со невидливи и нечујни карактеристики. International Business Times пишува дека станува збор за најмоќната и најнапредната руска подморница која може да носи до 40 крстосувачки ракети „Калибр“, од кои секоја може да носи и нуклеарна боева глава.
Според извештаите, не е јасно колку долго подморницата била во регионот. Италијанската влада го потврди присуството на подморницата.
„Движењата на руските единици во Средоземното Море се познати. „Подморницата транзитира во меѓународните води без да го наруши суверенитетот на крајбрежната област на земјата“, објави Италија.