![zname](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/zname.bmp)
Ова не е прв пат СДСМ на ваков начин да ги маргинализира македонските национални симболи.
За потсетување откако Зоран Заев ја најави и ја промовираше идејата за федерализација и двојазичност на Македонија, а продолжи да ги промовира и понатаму во своите јавни настапи, албанските знамиња и јазик започнаа да се појавуваат најпрвин во штабовите на СДСМ.
Aлбанското знаме постепено почна да го зазема централното место, место кое по сите протоколи е задолжено за македонското знаме. Од СДСМ немо одобруваа и насмеани се сликаа пред него.
Исто така, опозицискиот лидер Зоран Заев кој отворено се залага за двојазичност на целата територија на Република Македонија подметна албанско знаме на прилепчани на премиерниот митинг на опозициската коалиција за изборите закажани на 11-ти декември. Градот херој возврати со бојкот и слаб одѕив на собирот.
Срамно и недозволиво за човек кој претендира да биде премиер на Македонија, како и за партија која претендира да ја земе Власта, да покажува вакво непочитување кон државните симболи.