На неколку милијарди евра проценети штетите од катастрофалните поплави во Словенија

Штетите од катастрофалните поплави коишто изминатиот викенд ја погодија Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави во премиерот Роберт Голоб.

Во најлошите поплави досега во Словенија загинаа најмалку шест лица, однесени се куќи и го закрчија селата со наноси и во урнатини. Обилните дождови со денови врнеа во околу две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

„Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра“, според последните процени што ги изнесе премиерот Голоб во програмата на јавната телевизија во понеделникот вечерта.

Според него, за ефикасна санација ќе биде потребно „да се направи сѐ и да се струга секаде каде што е можно“, како и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство. Голоб најави дека владата во вторник ќе донесе пакет помош за директно погодените.

„Сакаме на луѓето да им го покажеме решението денеск“, рече премиерот и додаде дека „времето за дејствување не треба да се брои со месеци и години, туку со денови и седмици“. „Неопходно е да се врати довербата на луѓето во државата и иднината“, посочи Голоб.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат преостанатите и да ги расчистат улиците.

Шест лица загинаа од петокот, вклучително и двајца Холанѓани за кои се верува дека биле погодени од гром.

Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите почнале да се повлекуваат во понеделникот, но некои области сè уште се отсечени.

Европската унија понуди тешки машини и инженерски единици. Словенија, исто така, побара хеликоптери, војници и монтажни мостови од воената алијанса на НАТО. Соседните Хрватска и Унгарија помогнаа со хеликоптери, а Германија со тим за цивилна заштита.