Најниско ниво на доларот во последните две години

Американскиот долар ја губи својата вредност во однос на кошничката на најголемите светски валути веќе петти ден по ред, паѓајќи на најниското ниво во последните две години.

Американската валута ја губи вредноста бидејќи се наоѓа под притисок на ниските приноси на американските должнички хартии од вредност и на мрачните економски податоци во САД.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на најголемите конкурентски валути, ослабна за 0,3 проценти на 92,55 поени, според најновите податоци, а во еден момент падна на 92,46 поени, што претставува најниско ниво од јуни 2018 година, пренесува „Reuters„.

Најновиот раст на акциите на технолошките компании обезбеди позитивно опкружување на пазарите и ја загрози побарувачката за „безбедниот” долар, додека резултатите од месечното истражување на „New York Fed’s Empire State“ покажаа полош индекс на состојбата и очекувањата на производителите од очекуваното.

Ова влијаело на инвеститорите да одржат песимистички став кон американската валута.

Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за една и пол недела.

„Зелената валута” , исто така, се намали за половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари, што претставува најслабо ниво во последните две недели.

И покрај губењето на вредноста во последните неколку недели, доларот е сè уште 27 проценти над нивото од 2011 година, што укажува дека американската валута би можела да ја загуби вредноста уште повеќе, особено пазарната вредност, велат аналитичарите.