На новогодишната ноќ запалени над 870 автомобил во Франција

Во текот на новогодишната ноќ во Франција во разни инциденти било приведено 441 лице, а запалени биле 874 автомобили, изјави во саботата министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен додавајќи дека станува збор за големо намалување на таквите акции на хулиганите.

„Се намалува бројот на изгорените возила во однос на претходните години, како и бројот на нападите врз полицијата“, се наведува во писмената изјава на министерот Дарманен за медиумите.

Истакнува дека во текот на изминатата ноќ, полициските службеници привеле 441 лице поради непристојно однесува и други прекршоци, а исто така, дека хулиганите запалиле 874 автомобили.

Од друга страна, пак, наведува дека бројот на приведените се зголемил 441 наспроти 376 во 2019 година, како и на лицата кои се задржани во притвор од 381 наспроти 314 лица пред две години.

Дарманен, притоа го наведува податокот дека на новогодишната ноќ во 2019 година бројот на опожарени автомобили ширум Франција бил 1.316 возила, додека во 2020 година немало такви инциденти поради полицискиот час кој беше на сила во врска со епидемијата на коронавирусот.

Истовремено се известува дека само во главниот град Париз во новогодишната ноќ поради кршењето на прописот на носење заштнини маски, биле казнети 779 лица.

Како што потсетува телвизискиот канал BFM TV, градските власти на француската престолнина на 31-ви декември го воведоа режимот на носење маски на отворени простори поради растот на инциденцата на зарази со Covid-19. Во моментов обврската за носење маски е задолжително за сите над 11-годишна возраст. Исклучок е направен за велосипедистите, автомобилистите и лица кои спортуваат на отворени простори. Претходно мерката се применуваше само за внатрешни простори и во јавниот сообраќај, а казната за прекришувањето на оваа мерка изнесува 135 евра.

Франција во моментов се соочува со петтиот бран од епидемијата на коронавирусот. Во петокот, Националната агенција за јавно здравје објави рекордни 232.000 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во француските болницо во моментов се хоспитализирани 18.700 пациенти со симптоми на Covid-19.

Околу 53 милиони лица се вакцинирани во земјата со 67 жители. Закучно со 30-ти декември 2021 година, повеќе од 24,1 милиони лица ја примиле и третата „бустер“ доза ова вакцината.