Седумнаесет години по терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, американскиот претседател Донал Трамп во вторникот во Шенксвил им одаде почест на хероите од Летот 93 „кои го променија текот на историјата“.
Американскиот претседател ја величеше храброста на мажите и на жените од Летот 93 од Њуарк до Сан Франциско кога авионот „Boeing 757-222“, на крајот од свеченоста на којашто блиските на жртвите ги прочитаа имињата на 40 загинати патници и четворицата членови на екипажот.
Во ридестата сојузна држава Пенсилванија, околу 200 километри северозападно од Вашингтон, на 11-ти септември 2001 година во 10,03 часот падна еден од четирите авиони коишто ги киднапираа припадници на џихадистичката терористичка мрежа Ал Каеда. Според официјалната верзија, патниците на Летот 93 преку мобилните телефони дознале за нападите на Кулите блиначки од Светскиот трговски центар во Њујорк и се обиделе од терористите да ја вратат контролат над авионот кој паднал во полето наместо врз целта на напаѓачите – американската престолнина Вашингтон.
„Оваа комеморација му упатува порака на светот дека Америка никогаш нема да потклекне пред тиранијата…“, истакна Трамп и повтори дека ќе преземе сé што е неопходно за на Америка да ѝ гарантира безбедност.
„Никакви терористички напади никогаш нема да можат да го променат она што ние сме“, истакна во твит неговиот претходник Барак Обама.
На местото од падот на авионот меѓу ридовите е подигнат споменикот „Кулата на гласовите“ висок речиси 28 метри во чест на жртвтите. На кулата се поставени 40 прекрасни музички приврзоци, а нивното одѕвонување се пренесува преку полињата и се одбива од ридовите. „Секој од нив претставува една оригинална нота, но сите заедно се во прекрасна хармонија“, рече Трамп на отворањето на меморијалот.
Во нападите од пред 17 години загинаа речиси три илјади луѓе, од кои без неколку стотици сите во Њујорк.
На плоштадот на местот на Кулите близначи на Менхетен, пред музејот посвете на нападите во Њујорк и во зградата на Пентагон во Вашингтон, се собраа илјадници кои со минута молчење во точните времиња на нападите, во 8,46 и 9,03 часот кога авионите удрија во кулите, им одадоа почест на жртвите. Станицата на подземната желенизца уништена во нападо, отворена беше минатиот викенд по 17 години од трагедијата.
Особено тешки загуби поднесоа њујоршките пожарникари, од кои загинаа 343 луѓе Во њујоршките протувпожарни станиц беа повикани семејствата на настраданите,
Трамп придружуван од сопругата Меланија го мина Денот на национолното единство, пауза во текот на особено тензичниот период. Отпатува во Пенсилванија на денот на излегувањето на книгата на истражувачкиот новинар Боб Вудворд која се повикува на наводни изјави на соработниите во Белата куќа за американскиот претседател ккао необразован, колеричен и параноичен човек кого неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат потешки повлекувања.