На огласот за фотонапонски централи доставени 41 понуда

Четириесет и една понуда се пристигнати на јавниот повик за доделување премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи на приватно земјиште се доставени 41 понуда, кои денеска беа јавно отворено.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев интересот е голем и тој е потврда за она што е направено како методологија и дека тоа дава резултати. При тоа соопшти дека претходно на јавен повик за фотонапонски централи на државно земјиште се доставени 85 понуди за градење 35 мегавати.

Најави дека следната недела ќе биде потпишан договор за фотонапонски централи во ТЦ Осломеј, каде инвеститор ќе биде ЕСМ.