
Во средата околу пладнето при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се сандаци со куршуми различен калибар а според првичните сознанија муницијата потекнува од периодот на Втората светска војна.
По извршен, ,нформира МВР, увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.