Слободан Праљак, хрватски генерал и челник на Хрватскиот совет на одбранта (HVO) во Босна и Херцеговина, осуден за воени злосторства, кој се самоуби во судницата на Хашкиот суд, беше погребан во четвртокот на градските гробишта во Загреб, во кругот на семејството и најблиските пријатели, информираат во саботата загрепските медиуми.
По аутопсијата во Хаг, телото беше пренесено во Загреб со посебни мерки, а терминот за погребот не беше објавен на веб страната на Градските гробишта.
Јавното испраќање на Слободан Праљак ќе се одржи на комеморација во Концертната сала „Ватрослав Лисински“ во понеделник во 12 часот, на која се поканети сите кои коишто сакаат да му оддадат почит на Прљак.
Загрепскиот дневен весник Vecernji list наведува дека на погребот имало само неколку блиски членови на семејството и пријатели што ги споменал Праљак во прошталното писмо.
На собирот организиран од страна на хрватското Генерално собрание нема да има транспаренти или „чудни“ знамиња, според директивата на генералот Миљавац, пренесува весникот.