![93439425_154155639422227_7100770946876702720_o](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/93439425_154155639422227_7100770946876702720_o.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Поради забраната за движење и полицискиот час кој започна во петокот во 16 часот и ќе трае до вторникот во 5 часот, годинава христијанските храмови ќе останат празни ноќта на неделата кога традиционално во црквите се одбележува Воскресението Христово.
Сепак, Црквата применувајќи ги современите технологи и почитувајќи ги препораките за избегнување масовни собири се реши да им овозможи на верниците да ја доволат атмосефарата од храмовите. Меѓу црквите од кои преку социјалните мрежи и другите онлајн сервиси ќе се вршат директни преноси на празничката богослужба, најава упати и светштенството на скопскиот храм на Свети великомаченик Димитриј, кој традиционално е масовно посетуван на најголемиот христијански празник.
„Благочестиви христијани,
Тоа што не сте со нас во храмот, не значи дека не сме со Бога. Следете не од Вашиот дом, заедно со најмилите. Точно на полноќ, директен пренос на Воскресната Литургија“, се наведува во објавата на фејсбук профилот на овој храм