Денеска ќе се одржи и последниот ТВ дуел на двајцата претседателски кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, како и последните митинзи на политичките партии кои се во трка за пратенички места во Собранието. Молкот ќе трае до затворање на избирачките места на 8 мај во 19 часот.
Во првиот круг од претседателските избори Гордана Сиљановска Давкова поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 363. 085 гласови, додека нејзиниот противник Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ освои 180.499 гласа, разлика што е речиси невозможно да се надополни во вториот круг од гласањето.
Според анкетите, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди сигурна победа на парламентарните избори и да формира влада.
Изборната кампања завршува вечерва, на полноќ, по што ќе биде забрането политичко рекламирање за двојните избори- вториот круг од претседателските и изборите за пратеници кои ќе се одржат на 8 мај.