![popova-sapka-1-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/popova-sapka-1-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
На Попова Шапка утрово се измерени 33 сантиметри снег. Во Маврови Анови снежната покривка е 11 сантиметри, а во Лазарополе пет, информира УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.
Според УХМР, за време на викендов времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.