Најпопуларната руска гимнастичарка се обиде да се самоубие

Една од најпопуларните гимнастичарки и четирикратнa светскa шампионka Александра Солдатова се обидела да се самоубие. Дваесет и едногодишната девојка е хоспитализирана во Москва, откако се обидела да си го одземе животот.

На 5 февруари 21-годишната А.Солдатова беше примена во московската болница со телесни повреди за кои е утврдено дека се поврзани со обид за самоубиство.Исто така, дијагостицирано е дека девојката боледува од булимија. Во овој момент, пациентката не е сослушана и не е познато под кои околности се здобила со повредите“, се наведува во соопштението.

Поедини медиму пишуваат дека Солдатова си ги пресекла вените на левата рака, а откако сватила што направила сама побарала помош од доктор.

Инаку, Александра Солдатова има освоено четири светски злата и два пати беше европска шампионка.