На поранешниот, прв по прозападниот преврат во Киев во 2014 година, украински претседател Петро Порошенко, по вторпат му е забрането да ја напушти Украина за да учествува на состанок на тело на НАТО во Литванија, објави во саботата неговата парламентарна група.
Порошенко бил двапати запрен на границата до Полска. Патувал на парламентарното собрание на НАТО, советодавното меѓународно тело на воениот блок. Според украинските медиуми, Порошенко не смеел да ја мине границата поради „технички проблеми“ со дозволата за напуштање на територијата на Украина.
„Порошенко го прими сите формални дозволи за напуштање на државата и беше вклучен во официјалната делегација на парламентот на Украина за овој настан“, објави неговата опозициска партија Европска солидарност.
Порошенко во Вилнус требало да има низа состаноци вклучително и со литванскиот претседател Гитанас Науседа. Требаше да учестува и на состанокот на Европската народна партија (EPP) вохоландски Ротердам.
Кон средината на јануари Порошенкио пред судот успеа да издејствува да остане на слобода, а беше барана кауција до 30 милиони евра, додека трае истрагата за влепредавство. За случајот тој вели дека е политички прогон кој го спроведуваат сојузниците на неговиот наследник на претседателската должност Владимир Зеленски.
Порошенко го обвинува својот политички противник Зеленски дека наредил негово кривично гонење за да го сврти вниманието од вистинските проблеми во Украина. Власта го сомничи дека во текот на претседателските мандат тргувал со олигарски кои ги поддржувале сепаратистите од доминатно руските региони на истокот од земјата, што се смета за дело „велепредавство“.
Петро Порошенко, чиешто богатство магазинот Forbes го проценува на 1,6 милијарди долари, ја водеше од земјата од 2014 до 2019 година, кога беше поразен од Владимир Зеленски, сдентап=актер без политичко искуство.
Порошенко е под истрага дека сторил предавство поврзано со финансирање на силите на самопрогласените источни републики преку нелегална продажба на јаглен во периодот 2014/2015 годиина во екот на најжестоките борби во кои се проценува дека загинале околу 13.000 луѓе на двете страни. За ова кривично дело му се заканува 15 години затвор.
Поранешниот претседател ги одбива обвинувањата, а неговата партија го обвинува Зеленски дека се обидува да ја замолчи политичката опозиција. Администрацијата на претседателот, пак, вели дека обвинителството и судовите се независни и го обвинува Порошенко дека мисли дека е над законите.
На почетокот од јануари судот во Киев нареди замрзнување на имотот на Порошенко кој поседува голем кондиторски концерн и удели во две телевизиски мрежи.