Министерот на здравство Венко Филипче им забранува на Јавните здравствени установи да купуваат реагенси за нивните лаборатории. Од сега па натаму, тој преку еден тендер ќе носи одлука од каде и по која цена ќе се купуваат реагенси, ама нема да ги плати, ќе си ги платат здравствените установи, објави Република.
Според информациите на порталот, ова создава простор за голема злоупотреба и оштететување на државниот буџет, затоа што ќе се стават надвор од функција голем дел од апаратите во лобаротириите за испитувања и ќе се создаде потреба од набавка на нови апарати.
Секој различен тип на апаратура користи различен тип на реагенси, а со оваа централизирана набавка, ќе може да се набави само еден тип на реагенси за еден тип на апаратура со што ќе се отворат и нови тендери на кои ќе се трошат буџетски пари за набавка на нова опрема во Јавните здравствени установи. Старата која е во главно скоро набавена, ќе биде ставена надвор од функција. Со ова, како што тврдат нашите извори, некој ќе добие монопол со апаратура и реагенси за лабораториите, пишува „Република“.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.