
ОФК Београд на полувремето водел со 2:0, а потоа се случил чудесен пресврт по кој Црвена Звезда славеше со 6:2. Некои информации велат дека во обложувалниците биле уплатени големи суми на пари за „кец во два“ и за „7+“ што секако била доволна причина да се покрене истраага.
На социјалните мрежи во Србија кружи и ливче фотографирано за време на фудбалскиот меч на кое се гледа дека натпреварот е типуван со „кец во два“, што дополнително ги подгреа сомнежите дека е наместен.
Сопственикот на ова ливче не и е познат на јавноста.