На повидок нов скандал со СЈО: Си делеле плати од по 2.500 до 3.000 евра месечно

За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО, вели претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за порталот Телеграф.мк.

На прашањето, со кои чекори, според него, специјалните обвинители ја издевалвирале својата работа, Груевски вели:

Едноставно кажано, тие живеат за моментот кога ќе одржат некоја прес-конференција на која ќе набедат некого, или без ниеден доказ, или со некој изнуден сведок, и ќе објават дека отвориле истрага. Веројатно понатаму истото или полошо ќе биде и за отворање обвиненија. По информациите што ги добиваме, работат по инструкции на поединци од СДСМ, а самите насекаде се фалат дека ги поддржувал меѓународниот фактор, и дека поради тоа биле убедени дека ќе успеат, како и да е.

Со својот однос и дејствување, како што реков, вршат притисок и врз судиите, кога сакаат да изнудат притвори или претреси без никаква основа. Всушност, единствената надеж им е некого да го пикнат во притвор и тоа да биде неговата казна, и обид за политичка елиминација, или пак психички да го скршат и да го принудат да стане лажен заштитен сведок кон некој повисок политичар. Сето ова, целиот овој пристап и дејствување се крајно недозволиви во секоја демократска земја.

Разбирам дека парите што ги добиваат сакаат да ги добиваат што подолго, разбирам и дека откако самите ги кренаа очекувањата, сега сакаат да покажат некаков резултат за земените пари и патувања, разбирам и дека имаат наклоност кон некоја партија и незадоволство или нетрпеливост кон друга, во случајот кон ВМРО-ДПМНЕ, ама во таа институција мора да се работи непристрасно и професионално, со почитување на пресумцијата на невиност, а личните наклоности да си ги чуваат за себе или за изборниот ден кога ќе гласаат. Впечаток е дека некои од нив можат да бидат добри пратеници на СДСМ, но не и независни обвинители.