![paket kompjuter kutija amazon](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/paket-kompjuter-kutija-amazon.jpg?resize=632%2C419&ssl=1)
Некои од најголемите светски компании, како „Амазон“, „Тесла“, „Мета“, „Блекстоун“ се обвинети за поткопување на демократијата ширум светот со финансиска поддршка на екстремно десничарските политички движења, финансирање и влошување на климатската криза и кршење на синдикалните и човековите права, се вели во извештајот објавен од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати.
Така, „Амазон“, петтиот по големина работодавач во светот познат како светски број еден во онлајн продажбата, е познат по рушењето на синдикатот и ниските плати за своите вработени. Но, откриено е и дека компанијата криела приходи за да не плати соодветен данок, лобирале за интересите на компанијата кај повеќе влади.
„Амазон“, пишува „Гардијан“, финансираше и екстремно десничарски политички групи за поткопување на правата на жените и антимонополското законодавство. Во делот од извештајот што се однесува на „Тесла“ се вели дека тие се спротивставиле на синдикално организирање во Германија и Шведска, ги прекршиле човековите права во нивните синџири за снабдување додека самиот Илон Маск се спротивставил на синдикално организирање и демократски права.