![Tunisia President](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/es-sebsi.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Туниската изборна комисија соопшти денеска дека ги одобри номинациите на 26 кандидати, меѓу кои и две жени, и отфрли 71 кандидатура за претседателските избори што треба да се одржат следниот месец.
Предвремените избори ќе се одржат на 15 септември и се организираат по смртта на првиот демократски избран претседател, Беџи Каид Есебси.
Меѓу кандидатите се и актуелниот премиер Јусуф Чахад, како и поранешниот премиер Мехди Џома, поранешниот туниски претседател Монцеф Марзуки, сопственикот на приватна телевизија Набил Каруи и многу други.
Единствените две жени меѓу кандидати се поранешната министерка за туризам Салма Луми и Абир Мози, поддржувач на поранешниот претседател туниски претседател Зин Ел Абидин бен Али, кој беше сменет за време на Арапската пролет во 2011 година.