Безбедносните сили во Ирак ноќеска застрелале тројца демонстранти и раниле 19. Тоа се случило за време на нападот на иранскиот конзулат во светиот шиитски град Карбала во јужен Ирак, соопштија денеска полициските власти. Во настанот за повредени и седум полицајци.
Минатиот месец во Ирак започна протести во повеќе градови против високата невработеност, лошите јавни услуги и распространетата корупција.За време на серијата протести убиени се повеќе до 250.
Синоќа десетици ирачки демонстранти го нападнаа конзулатот во Карбала. Тие се обиделе да го тргнат иранското знаме и да го заменат со ирачко, но не можеле да го дофатат. Иран е стабилен сојузник на Ирак и тесно ја поддржува тамошната влада. Демонстрантите го критикуваат иран што се меша во ирачките работи.