На протестите во Минск досега уапсени 250 лица

Белорускате полициски сили привеле над 250 демонстранти во неделата за користење „нерегистрирани знамиања и симболи“ како и поради употреба на „навредувачки“ пароли, соопшти белоруското министерство за внатрешни работи, додека на улиците во Минск се одвиваат масовни протести против претседателот Александр Лукашенко.

Засега медиумите известуваат за маса луѓе, но само очевидец на Reuters изнесе процена дена „најмалку 100 илјади демонстранти“ има во центарот на белоруската престолнина Минск. Министерството за внатрешни рабори, пак, оцени дека на протестите ума „не повеќе од три илјади лица“.

Учесниците на протестите во недела за кои локалните власти не дале одобрување за одржување на соберот, започнале попладнето да се движат кон претседателската резиденција во Минск. Медиумите известуваат дека засега не е завележливо бројно присуство на безбедносните сили во тој дел од градот.

Меѓутоа, голем број полициски службеници и војнции се распоредени кај Плоштадот на независнсота и пристапите кон него. Слична е ситуацијата и кај Палатата на Републиката, клучната владина зграда.

Протестите се одржуваат во Белорусија од 9-ти август, кога опозицијата не го призна реизборот на Александр Лукашенко на претедателската должност, кој веќе 26 години е на чело на државата.