На протестот во Амстердам уапсени над 150 лица

Повеќе од 150 лица се приведени за време на неодобрениот протест против рестриктивните мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирусот во Амстердам, соопшти холандската полиција.

Во неделата демонстрантите повторно се собраа во централниот дел на Амстердам, на протестот под слоганот „Пиј кафе за слободата“, на кој се бараше слободно соборирање. Полицијата, по оглушувањето на демонстрантите да се разотидат, употреби водени топови за нивно растерување.

„Повеќе од 150 лица се приведени, повеќето од нив за нарушување на јавниот ред и мир“, се вели во објавата на полицијата на Амстердам во која се наведува дека според полициските процени учестувале околу 300 лица.

Протест против рестриктивните мерки во Амстердам, исто така, се одржа и во саботата. Како што претходно објави кабинетот на градоначалникот на холандската престолнина, полицијата вчера привела 58 лица.

Минатиот викенд во центарот на Хаг се одржаа протести против рестриктивните политики на холандската влада во епидемината на коронавирусот. Протестот беше растурен со промена на водени топови и солзавец, а приведени беа околу 20 лица.

Во неделата протести против рестриктивните мерки се одржуваат во десетици градови во Германија, Велика Британија, Полска, Финска, Белгоја и низа други земји во Европа.