Македонските „Анонимуси“ излегоа со соопштение дека тие ниту еден момент не го загрозиле маил серверот на Министерството за здравство, само направиле екстракт на мејловите.
„Сајтовите, и маил серверот СЕ ИЗГАСЕНИ од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства. И немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е“, стои во нивните реакции на Твитер.
Тие најавија дека следни за напад се извршителите.
„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се. п.с: Немојте да ни кажувате како функционира анонимус, не бидете идиоти. #OpMacedonia“, известуваат од „AnonOpsMKD“.
Здраво на сите, едно мало известување за вчерашниот напад.
МкдОпс ВО НИТУЕДЕН МОМЕНТ не го загрози маил серверот на здравство, само направивме екстракт на мејловите.
Сајтовите, и маил серверот СЕ ИЗГАСЕНИ од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства.— AnonOpsMKD (@MkdOps) July 24, 2020
Претходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените е-адреси на вработените во институцијата. Одговорноста за хакерскиот напад ја презеде групата што стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк