На Ролан Гарос ќе настапат само вакцинирани тенисери

Неколку дена по крајот на сагата за Новак Ѓоковиќ во Австралија, стигна нова вест која се коси со спортистите анти-ваксери кои одбиваат да ја примат вкацината против Ковид-19.

Имено, во Франција е донесена одлука сите професионални спортисти, домашни или странци, да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да земат учество на спортските манифестации.

Тука спаѓа и вториот Грен слем во годината, Ролан Гарос за кого до пред само неколку денови беше изјавувано дека нема да има потреба да се има вакцинален картон за да се учествува на истиот.

Сепак, денеска оваа одлука беше соопштена од министерката за спорт на Франција, Роксана Мариснеану која на Твитер напиша дека одлуката ќе се однесува на сите спортисти.

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ нема да има право да учествува ни на турнирот во Париз чиј почеток  е закажан за 22 мај.