На Русинка одбиле да ѝ продадат чанта „Chanel“ во Дубаи

Русинка, којашто била на одмор во Обединетите Арапски Емирати, се соочила со дискриминација поради нејзиното државјанство, откако во трговски центар во Дубаи одбиле да ѝ продадат чанта од „Chanel“ ако не потпише документ дека нема да ја однесе во Русија.

„Вчера сакав да купам чанта во една продавница во Mall of Emirates. Кога избрав и сакав да платам, ми побараа податоци за идентификација поради што го дадов мојот руски телефонски број. Продавачот го повика менаџерот на продавницата, кој рече дека од денеска им продаваат на Русите сако ако потпишат документ дека нема да ги однесат и носат предметите во Русија“, објави Лиза Литвин.

Русинката го опишува овој потег како манифестација на дискриминација по националноста. Го фотографирала документот кој ѝ го дале да го потпише и го објави на социјалните мрежи.

Таа не ја купила посакуваната чанта на „Chanel“, но во продолжение наведува дека не се соочила со таква непријатност во продавници на други брендови и пазарале во дуќанот на британскиот бренд „Jimmy Choo“.

Според аналитичарите, кон крајот на март повеќе од 95 од најголемите странски брендови објавија замрзнување на работата во Русуја поради офанзивата во Украина, од кои над 75 отсто имаа своите продавници во малопродажната мрежа во земјата, а другите ги испорачуваат стоките од нивните брендови во мултибренд продажните мрежи.