На руските лобисти им е забранет пристап до ЕП

На руските лобисти им е забранет пристап до Европскиот парламент, објави на Twitter во средата претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Иистакна дека „Европа мора да се заштити од влијанието на Кремљ и пропагандата за војната во Украина“, поради што на претставници на руски компании отсега им е забранет влез во парламентот.

„Не смееме да им дозволиме простор да ја шират својата пропаганда и лажни, токсични наративи за инвазијата на Украина. Ќе останеме обединети и силни против автократите“, наведе Мецола.