На Самиот во Хаг, 35 земји се обврзаа на поостри нуклеарни стандарди

На самитот во Хаг посветен на нуклеарната безбедност на 35 земји, најголем дел од учесниците на собирот се обврзаа да спроведат остри нуклеарни стандарди односно да го применат „меѓународниот водич за безбедност“ за да се спречи опасниот материјал да падне во рацете на терористите.

Во заедничкото соопштение објавено на маргините на третиот Нуклеарен безбедносен самит, земјите се обврзаа на поблиска заедничка соработка и на „повремена проверка“ на чувствителните режими на нуклеарната безбедност.

Земјите кои ја поддржа иницијативата на Холандија, Јужна Кореја и САД за примена на меѓународен водич за нуклеарна безбедност во националното законодавство се Алжир, Ерменија, Австрија, белгија, Канада, Чиле,Чешка, Данска, Финска, Франција, Грузија, Германија, Унгарија, Израел и Италија.

Русија не е меѓу земјите кои се обврзаа дека ќе ги прошират нуклеарните стандади, што според аналитичарите може да биде опасно, бидејќи таа земја поседува огромни залихи уште од времето на Советскиот сојуз.

На Самитот се собрани претставници на повеќе од 50 земји.