Бројот на жртвите во епидемијата на сипаници на Самоа достигна 79 починати, а бројот на заболените надмина пет и пол илјади, соопшти во неделата тамошната влада.
Минатата седмица беа потврдени 72 смртни случаи и 5.154 заразени.
Според податоците кои владата на Самоа ги објави на Twitter, од избувнувањето на епидемијата во средината на октомври пријавени се 5.520 случаи на инфекција, до кои 26 во последните 24 часа. Од почетокот на кампањата за масовно вакцинирање на островската држава, во која живеат околу 200.000 луѓе, 94 отсто од населението е веќе вакцинирано.
На 16-ти октомври министерството за здравство на Самоа прогласи епидемија на сипаници, откако беше регистриран првиот смртен случај од оваа болест на 13-ти октомври. Поголем дел од жртвите се деца на возраст до четири години.
Почетокот на епидемијата беше смртта на две новороденчиња кои добиле неправилно приготвеена вакцина против сипаници. Медицинскиот персонал одговорен за грешката доби затворски казни, но стравот од вакцините почна да се шири преку социјалните мрежи и предизвика масовно отфрлање на вакцинирањето.
Објавен е каранти и прогласена е вонредна состојба, затворени се училиштата и детските градинки. Масовната вакцинација заполна на 18-ти ноември. Медицински персонал и вакцини против сипаници беа обезбедени од Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија, Франција, Кина, Норвешка, Јапонија, САД и Француска Полинезија.