-Тоа што на СДС им пречи во Јавното претпријатие за државни патишта, ЈПДП, е тоа што во месец јули оваа година во однос на месец јули минатата година наплатата од патарини е зголемена за 1.1 милион евра. СДС гледаат колку е подобрена работата на ЈПДП и затоа го напаѓаат Коце Трајановски, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС гледаат како сега се работи во ЈПДП и со која брзина се реализираат работите, нешто што беше незамисливо во нивно време.
Втора работа која СДС сака да ја сокрие и заради која го напаѓа Коце Трајановски е тоа што непосредно пред избори во ЈПДП бројот на вработени го зголемиле за 50%, т.е. вработиле нови 150 луѓе. СДС ја кријат партизацијата која ја направиле и мислат дека со неосновани напади ќе го измамат народот. Најголемиот страв пред се е заради одговорноста за милионските криминали кои ги правеле, за која знаат дека доаѓа, велат од оваа партија.