Владата на официјалната страница соопштува дека ќе ги отпише каматите на 150.000 лица од ранливите категории.
„Законското решение нема негативни финансиски импликации, туку ќе им овозможи на граѓаните, растоварени од притисокот да ги плаќаат каматите, да ја исплатат само главницата на долгот и тоа на повеќе рати.
Ова законско решение е еднократна помош за решавање на проблемот на граѓаните кои со задоцнето плаќање или неплаќање на долговите кон државните органи, акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите и тука се опфатени пред сè најсиромашните граѓани“, се вели во објаснувањето на оваа популистичка мерка на Влада“.
Според многумина, оваа е фабрање очи, бидејќи се отпишуваат камати а не и долгови на најранливите категории на граѓани. Ова е уште една мерка во функција на есенските локални избори со едноставен народен јазик наречена поткуп.
На почетокот на овој месец Владата флертуваше со админситрацијата носејќи одлука за исплата на К-15.
Иако јавноста констатираше дека вработените во јавната администрација кои од лани во март до пред неколку недели не одеа на работа поради мерките за заштита од ковид-19, сепак ќе добијат регрес за годишен одмор, К-15. А Заев одлуката ја бранеше.
„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече Заев.
Со ребалансот вкупната сума која се одвојува за плати на администрацијата е 31,6 милијарди денари. Заев вели дека бројот на административци е намален од 160.000 пред 4 години на 132.000 и дека со новиот закон за пензионирање дополнително ќе се намали бројот на државна администрација.
„Нема пари за стопанството кое едвај преживува, нема пари за земјоделците, нема пари за помош на невработените, нема пари за угостителите, за занаетчиите, но има пари за социјални трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од сите граѓани. Внимавајте, планиран е буџетски дефицит од над 6%, кој ќе биде финансиран со нови и нови задолжувања, а притоа од тоа нема да има никаква корист никој освен кога се во прашање лукративните интереси на Зоран Заев. Со овој ребаланс се предвидуваат над 200 милиони евра за предизборен поткуп кој преставува грабеж на државната каса финансирана од граѓаните, а скриена во ставката субвенции и трансфери, изјави по повод оваа одлука Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО ДПМНЕ, поранеше заменик министер за финансии во техничката влада.
Секако дека ова е уште една амортизација на неуспехот на надворешната политика која капитулираше со недобивање покана за почеток на преговорите со ЕУ и пред се навредливиот однос на Бугарија по однос на ова прашање. Во преден план избиваат ветувањата на Заев за деградација на македонскиот јазик. А, се чини, дека Португалија денеска му удри една врела шлаканица, па и поранешниот лидер на СДСМ и премиер и претседател Бранко Црвенковски.
Владата пишува: Се гржиме за граѓаните. Ама како, со деградирање на секое поле и сега ветува се и сешто пред изборите. Ќе има уште неколку мерки со кои ќе се греби кај граѓаните, а парите ги нема.
Само да се сетиме колку молеа за помош најпогодените сектори во државата поради Ковид-19.
Кога е во прашање Заев, може да се очекува и она што не е сонувано на сон.