Нa Шри Ланка отстранет најголемиот камен во бубрегот во светот

 

Воени лекари во Шри Ланка го отстранија најголемиот и најтешкиот камен во бубрегот на светот во текот на операцативен зафат врз пензиониран подофицер, соопшти армијата на Шри Ланка.

На 62-годишен поранешен подофицер му бил отстранет камен од бубрег тежпк 801 грама, што е повеќе од пет пати поголема од тежината на просечен машки бубрег, според објавата.

Каменот бил долг 13,37 сантиметри, додека просечниот бубрег е долг од 10 до 12 сантиметри.

„Најголемиот и најтешкиот камен во бубрегот на светот беше хируршки отстранет на 1. јуни во воената болница во Коломбо“, се вели во соопштението на војската.

Оваа вест беше објавена откако рекордот беше признат од Гинисовата книга на рекорди. Претходниот рекорд од 620 грама за камен во бубрег беше забележан во 2008 година во Пакистан, според Гинис.

„Најважно за нас е бубрегот да функционира нормално и покрај толку многу камења“, рече армискиот хирург К. Сутаршан.

Воениот пензионер за локалната телевизија изјавил дека боледува од стомачни болки од 2020 година, а лековите што ги земал воопшто не му помогнале.

Камењата во бубрезите се формираат со таложење на минерални соли во бубрегот, орган кој ја прочистува крвта.