На сила стапи забраната за готовинска исплата суми над 1.000 евра

Македонските граѓани од 1-ви јануари годинава ќе можат да плаќаат или примаат пари во кеш само во вредност од 60.000 денари или 1.000 евра, а сите суми коишто се над оваа сума ќе мора да минат преку банкарска сметка.

Во јуни лани стапи во сила одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Со него прагот за дозволеното плаќање во готовина – од 15 илјади евра се симна на две илјади. Потоа, од почетокот на годинава сумата се намали на 1.000 евра.

Законот предвидува од јуни летово контролата дополнително да се засили, со што за купување на стоки и услуги граѓаните и фирмите во кеш ќе можат да плаќаат само во износ од 500 евра или 30.000 денари. Целта на ваквото ограничување е да се намали сивата економија и во крајна цел да се зголеми електронското плаќање