На сила забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19 и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните.

-Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираа вчера од Владата.